Објавени конечните резултати од Конкурсот за прием во ученичките домови

Од:

Министерството за образование и наука ги објави конечните резултати од првиот приемен рок од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2017/2018 година.

Од МОН наведуваат дека електронското пријавување е активно од вчера се додека има слободни места, за што Министерството за континуирано на својата веб страница ќе објавува списоци за примени ученици по домови.

Учениците кои ќе поднесенат електронска апликација, комплетната документација треба да ја достават од 7 до 11 август годинава во Министерството за образование и наука.

Во соопштението додаваат дека резултатите за конкурсот за прием во Државените студентски домови ќе бидат достапни по завршувањето на конкурсот.

Подетални информации околу конкурсот има на фејсбук страницата на МОН, на телефонот: 02/ 3140 -147 или на следнaта електронска адреса: [email protected].

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови