Предновогодишен прием за децата без родители во згрижувачки семејства

Од:

Традиционален предновогодишен прием за децата без родители и за нивните згрижувачки семејства, денеска организираше општина Куманово,на кој 30-тина деца згрижени во семејства добија новогодишни пакетчиња.

– Ова е наш скромен придонес за децата и нивните згрижувачки семејства, вели Лидија Ланг Спасовска од општина Куманово.

Од општината апелираа во наредната година да се јават повеќе семејства кои се заинтересирани за згрижување на децата без родители.

Во последните неколку години во Македонија интензивно се работи на развивање на формата за сместување во згрижувачко семејство како вонинституционална форма на заштита. Инаку,згрижувачот добива надоместок за трошоците за сместување и надоместок за згрижување на сместеното лице, кој се движи од шест до осум илајди денари во зависност од возраста на детето и во зависност од потребите. За згрижувачкото семејство останува обврската да обезбеди сместување и згрижување во своето семејство, исхрана, нега, општа и лична хигиена, грижа за здравјето, образовение. Неодамна, Министертвото за труд и социјална политика го презентираше и акцискиот план за згрижувачките семејства со кој се подига квалитетот во згрижувачките семејства.

Би можело да ве интересира

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски