Тетратката за сведоци во СЈО и исказите на двајца сведоци пресудни за притворот на Горан Грујовски

Од:

Првиот човек на Врховниот суд, Јово Вангеловски, како претседател на Кривичниот совет, и судиите Васил Грчев, Киро Здравев, Џемали Саити и Фаик Арслани, во образложението на одлуките за притвор на обвинетите до кои дојде „Макфакс“, според приложените докази, оценуваат дека обвинетиот Горан Грујовски веќе влијаел врз сведоци што произлегува од нотесот, т.е. тетратката одземена при претресот во неговиот дом каде што водел евиденција за сведоци да дадат исказ во СЈО, со назначување на прашањата што ќе им бидат поставени и содржината на одговорите што треба да ги дадат.

Судиите во одлуката пишуваат и за исказите на двајца сведоци предложени во листата на докази приложена кон обвинителниот акт. Во одлуката пишува дека предмет на вештачење бил и компјутерот одземен од обвинетиот, во кој тој запишувал на кој начин треба да се однеусваат лицата повикани во СЈО, на кој начин да одбегнуваат да дадат исказ и на кој начин да дадат исказ за да заштитат свој колега.

„Обвинетиот сè уште е вработен во УБК каде што со години бил поставуван на раководни позиции и оправдан е стравот дека ќе ја попречува кривичната постапка“, пишува во одлуката. Судиите образлагаат дека обвинетиот Грујовски често патува во странство, поседува имот во Охрид и има роднини во Велес како и многубројни познанства со луѓе од државата поради природата на фунцкијата.

Обвинетиот Никола Бошковски, пак, влијаел врз сведоци и на свои колеги им сугеририал какви одговори да дадат по сослушувањето во СЈО користејќи ја околноста дека со години работел на работна позиција која „му овозможила ресурси и надмоќ над пониско рангирани службени лица, што произлегува од исказите на двајца сведоци предложени во листата на докази приложена кон обвинителниот акт“, пишува во одлуките. Постои основан страв дека обвинетиот ќе ја попречува кривична постапка и поради тоа му е определена мерка притвор.

Од Кривичниот суд за Макфакс велат дека и двајцата обвинети редовно се појавувале кај шалтерски службеник и ја почитувале изречената мерка на претпазливост за јавување во судот еднаш во неделата.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов