САД: Договорот меѓу Македонија и Бугарија е историски чекор напред

Од:

Амбасадите на САД во Скопје и во Софија преку заедничко соопштение го поздравија одобрувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија.

– Договорот ги потврдува блиските врски меѓу Македонија и Бугарија и ја демонстрира добрата волја од страна на двете држави да ја засилат меѓусебната соработка во интерес на своите граѓани. Таквиот ангажман претставува охрабрувачки пример за решавање на спорните прашања меѓу соседите и за зацврстување на политичката стабилност и засилување на економскиот развој на Западен Балкан. Ние ги поздравуваме Македонија и Бугарија за овој историски чекор насочен кон иднината, се наведува во соопштението на амбасадите на САД во Скопје и во Софија.

Би можело да ве интересира

Калас: Амбасадите на ЕУ остануваат во Киев, само САД си заминаа

Иран: „Непријателот знае дека агресијата нема да остане без одговор“

САД воведоа санкции против новото иранско тело за Ормутскиот теснец

Горан Наумовски

Америка повторно го нападна Иран, Техеран возврати со напад врз американска база

Администрацијата на Трамп депортира речиси 13.000 мигранти во Мексико

Бајден го тужи Министерството за правда на САД