ВМРО-ДПМНЕ: Судот не одолеа на владините притисоци

Од:

ВМРО-ДПМНЕ смета дека сите процеси што ги води СЈО се политички памфлет и политички прогон, а судот, како што изјави денеска Орце Ѓорѓиевски, не успеа да одолее на притисоците од владините функционери и медиумите блиски до Сорос и СДСМ.

Ѓорѓиевски го обвини судот и за, како што рече, двојни аршини.

– Судот, за жал, како резултат на притисок не ги зеде предвид правните аргументи, туку стана дел од играта која му ја диктираат СДС, СЈО, Зоран Заев и Катица Јанева. Одлуките на судот се политика која му помага на Заев да врши политички прогон на функционери од ВМРО-ДПМНЕ и истовремено да ја дефокусира јавноста од погрешните и антидржавните политики кои ги води, а кои се на директна штета на македонските национални и државни интереси, истакна Ѓорѓиевски.

Според него, дека одлуките се класичен конформизам и резултат на притисок, говорат фактите и правните аргументи кои судот не сакаше или не смееше да ги види.

– Ако некој од обвинетите имаше намера да побегне од државата тоа досега ќе го направеше. Сведоци сме дека сите функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои биле повикани во СЈО редовно се одзивале на поканите, укажа Ѓорѓиевски.

Разликата во одлуките на судот, дополни, е очигледна.

– Зоран Заев за случај за барање поткуп со легално прибавени докази е се уште на слобода и не се појавува на рочиштата, а се одземаат пасоши на членови на ВМРО-ДПМНЕ. Лица кои се професионалци неосновано завршуваат во притвор, и тоа во ситуација кога еден од главните инспиратори и реализатори на политичката криза Зоран Верушевски, за кој постојат неспорни докази за кривични дела комотно си го напушти притворот и сега е некаков советник во Владата, посочи Ѓорѓиевски.

Праша и зошто судот никогаш не почнал постапка за обезбедување на Зоран Заев.

– Судот молчи зашто лица за кои постојат докази дека се вклучени во криминал, кои избегнуваат рочишта и кои влијаат врз сведоци, се на слобода. Заев јавно кажуваше дека не го признава судот, најави дека нема да се појавува на рочишта, ги лажеше судовите со измислени средби со чувари и возачи од амбасади, отворено им се заканува и врши притисок врз судии со најави за генерален реизбор во судството, рече Орце Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски