Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Дарко Каевски денеска оствари работна средба со продеканот на Факултетот за безбедност Марјан Ѓуровски и доц. д-р Јонче Ивановски.
Од АМС соопштија дека целта на разговорот била договарање соработка на факултетот со Агенцијата за млади и спорт, која ќе биде насочена кон зголемување на безбедноста во спортот, особено кај младите преку едукација, создавање професионален кадар, спроведување истражувања од областа на безбедноста, како и развој и реализација на заеднички проекти.
Според Агенцијата, планирани се седум столбови на соработка, меѓу кои вклучување на Факултетот за безбедност во обуката и едукацијата во делот на безбедноста во спортот, истражувања за причините и последиците од заканите и насилството кај младите и спортските натпревари, официјална советодавна форма на Факултетот за безбедност за АМС, дијалог и дебата, студиска програма и модули за спортските работници, здруженија и навивачки групи, заедно со МВР за безбедноста во спортот и младите..