Фудбалерите на Олимпик Марсеј синоќа на „Велодром“ пред своите навивачи постигнаа вредна победа од 1:0 против Сент Етиен и го задржаа чекорот на врвот на табелата со тимовите на ПСЖ и на Олимпик Лион.
Стрелец на единествениот гол беше Андре Ајев во 45.минута.
На другите натпревари од ова коло беа постигнати следниве резултати: Валенсиен – Евиан 2:1, Тулуз – Сошо 2:0, Лил – Монпеље 4:1, Ајачио – Рен 2:4, Бордо – Троа 0:0, Лориен – Ремс 2:2, Олимпик Лион – Ница 3:0, Брест – ПСЖ 0:3 и Бастија – Нанси 4:2.
Табела: ПСЖ 38 бодови, Олимпик Лион 38, Олимпик Марсеј 38, Рен 32, Лориен 31, Бордо 29, Лил 29, Ница 29,…