Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло, со пораст на дневните температури. Ќе дува слаб ветар со променлив правец.
Утринските температури ќе се движат од -7 до -1 степен, а максималните дневни температури ќе достигнат до 11 степени.
Во Скопје и околината слично време со максимална дневна температура до 8 степени.