Египетските вооружени сили за време на долгата безбедносна операција на Синајскиот Полуостров, каде што членовите на вооружената група Исламска држава во Ирак и Левант се многу активни, ликвидирале повеќе од 40 членови на групата, објавија извори од армијата.
Ден претходно, при обидот на борците на ИСИЛ со автомобил бомба да ја разнесат полициската станица, поради предвремена експлозија кај Синај загинаа седум цивили.