ВМРО-ДПМНЕ: Освен долгови граѓаните на Република Македонија не видоа „Р“ од реформи

Од:

„Граѓаните започнаа да ја чувствуваат катастрофалната економија на СДС на својот грб.

Недомаќинската влада на СДС успеа за неполни два месеци да ги задолжи граѓаните за 70-тина милиони евра.

Граѓаните на Република Македонија секој ден се задолжуваат за 1.7 милиони евра само по основ на аукции на државни записи.

Покрај сето тоа владата на СДС со ребаланс на буџетот ќе ја задолжи државата за 150 милиони евра кои се повеќе од планираното.

Зар ова сето ова е дел од долго најавуваните реформи на СДС.

Освен долгови граѓаните на Република Македонија не видоа „Р“ од реформи.

СДС не може веќе да глуми опозиција. Наместо целото време да го трошат на барање апсурдни изговори зошто нешто да не се рализира, СДС треба да исполни се што ветуваше.

Граѓаните на Република Македонија со право сакаат да знаат каде одат нивните пари и зошто државата се задолжува со толкави суми на пари.

Граѓаните затоа СДС го прашуваат дали со тие пари ќе ги исполнат дадените ветувања за минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, плата од 100.000 денари за докторите.

Сепак луксузите, октоподите, морските плодови, цвеќињата, партиските вработувања и вдомувањата на соросовите платеници не смее да биде на трошок на граѓаните“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Битиќи: Над 75 отсто од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата

Горан Наумовски

СДСМ: Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана