На бесплатно летување во Струга заминаа 96 деца од кумановско

Од:

На бесплатно летување во одморалиштето „Мајски цвет“ во Струга заминаа 96 деца од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, информираа денеска од ЈУ Меѓуопштински Центар за социјална работа Куманово.

Ова е во рамки на проектот бесплатно летување за деца кои се корисници на права од системот на социјална заштита

– Сите деца се чувствуваат добро, се дружат, забавуваат, рекреираат и ги користат благодетите на топлото сонце и прекрасното Охридско Езеро, изјави директорката на Центарот за социјални работи, Александра Арсовска.

Таа објасни дека од вкупниот број деца, 25 се со посебни потреби кои на летување заминале во придружба на родител или старател.

Проектот ги вклучува децата без родители и родителска грижа, деца со посебни потреби, деца од семејства кои се материјално необезбедени, корисници на додаток за трето дете и детски додаток. Корисниците на овој проект добиваат шест полни пансиони, но особено значајно е што се анимираат, прв пат летуваат и имаат можност да се дружат со врсници од сите краеви на Македонија.

Би можело да ве интересира

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он