Министерството за труд и социјална политика (МТСП) формираше специјализиран тим за постапување по итни предмети од ранливи категории на корисници на права и услуги од надлежност на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје: деца на улица, бездомни лица, семејно насилство, нереализирање на видувања, питачење, полов напад над деца, малолетничка деликвенција и сите останати групи на граѓани во состојба на ризик.
– Специјализираниот тим е во функција 24/7, односно е задолжен за вршење итни увиди во кое било време на денот и во текот на викендите. Тимот, кој се состои од двајца социјални работници, педагог и психолог, постапува по примен повик на дежурните телефонски броеви на лицата за контакт:
– 078 230 943, Даниела Копчаревска, социјален работник
– 076 381 762, Олга Губерениќ, социјален работник.