ВМРО-НП: Заев да продолжи со широко отворена врата за Локалната самоуправа на Охрид

Од:

„ВМРО – Народна партија ја поздравува средбата на Премиерот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и локалната самоуправа на Опшина Охрид кој на овој начин покажа една нова култура на практикување политика во Македонија.

Како партија не можеме, а да не го искажеме задоволството од овој процес кој покрај тоа што е од најдиректен интерес на граѓаните на Охрид, претставува и еден нов начин на практикување на политиката кој до скоро не беше замислив.

Јавноста ја потсетуваме дека ВМРО НП од 2009 година во повеќе наврати бараше од актуелната Локална власт на ВМРО ДПМНЕ и од поранешната централна власт исто така на ВМРО ДПМНЕ да го реши проблемот со одделување на колекторскиот систем и ставање под државна капа, како и давање банкарски гаранции за раздолжување на Охрид. За жал сите овие наши апели не допреа до тогашната Влада на ВМРО ДПМНЕ , а внатрепартиските опструкции кои пратеници, директори и локални функционери ги правеа на Локалната самоуправа во минатото и сега значајно допринесоа во ова што го имаме денес.

ВМРО НП од Охрид е задоволна од фактот што после 15 години од кога владата на господинот Љубчо Георгиески кој направи ренесанса на Охрид и неговото културно наследство дојде влада која повторно ќе обрати внимание на Охрид и затоа го повикуваме Премирот Заев да продолжи со широко отворена врата за Локалната самоуправа на Охрид бидејќи таа отворена врата не е лично за локалната сампуправа туку е за сите нас, жители на Опшптина Охрид.

Истовремено го повикуваме членството на ВМРО ДПМНЕ да расчисти со ретроградните структури кои со години го држеа градот во заложништво за нивните лични интереси“, се вели во соопштението на ВМРО-НП.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ: Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Манасиевски: Дали Филипче и Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи

Катерина Ѓуровски