ВМРО-ДПМНЕ бара да престане отпуштањето на вработени во администрацијата

Од:

Пратеничката и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова денеска на прес-конференција обвини дека жени – раководители на неколку институции во земјата се избркани од работа или пред бркање.

– Бараме под итно да престане овој прогон на вработените во администрацијата кој го врши СДС. Истовремено бараме сите вработени кои биле неосновано и незаконски избркани од работа да бидат заштитени од страна на Агенцијата за државни службеници, од трудовиот инспекторат, од Комисијата против дискриминација, од судовите. Не смее да молчи и да замижува ниту Народниот правобранител. Негова обврска е да ги брани интересите на граѓаните пред режимот на Заев, рече Рангелова.

Истовремено, како што наведе пратеничката, ВМРО-ДПМНЕ очекува и канцеларијата на Европската Унија да реагира на ваквото однесување на СДСМ и отпуштање на професионалци и на нивно место вработување на, како што посочи Рангелова, партиски војници, разноразни комичари, шарени револуционери, поети, твитер ликови и слично.

Според Рангелова од работа се избркани директорката на Домот за деца без родители 11-ти Октомври Скопје, Ристена Атанасова, која е самохрана мајка, Бранка Шишовска од Берово, директорка на Центарот за социјални работи, која има уште само три години до пензија, Роза Јаневска, директорка на Центарот за социјални работи Неготино, Катерина Матиќ, самохрана мајка, вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство… Од работа ја бркаат и Весела Честоева, раководител на секторот во Археолошкиот музеј, рече Рангелова.

– Ова се само дел од жените кои изминатиов период го осетија камшикот на режимот на СДС. Десетици жени без никаква основа или аргументација добиваат откази или ги деградираат во институциите каде што работат, рече Рангелова.

Освен што се жени и мајки, според Рангелова, трагично е што тие се докажани професионалци во својата област и немаат никаква црна дамка во нивните кариери.

– Според информациите кои што ги имаме речиси секој кој се вработил во изминатите 10 години е под силен притисок и закани по неговото работно место, од страна на новите раководители поставени од СДС, рече Рангелова на прес-конференцијата.

Би можело да ве интересира

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација

ЕСМ: Вработуваме затоа што за три години останавме без 1190 вработени

A1on

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Предраг Петровиќ

Државната администрација брои 129.374 вработени, во Владата и министерствата работат 14.500 лица

A1on

Не се знае каде и за што се потрошени 12 милиони евра од вкупно 30 за реформи во администрацијата, утврди ревизијата

A1on