Халманд: Од американски „пријателски оган“ убиени 16 авганистански полицајци

Од:

Шестнаесет авганистански полицајци се убиени вчера во невнимателен американски воздушен напад во провинцијата Хелманд, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на полициски извори.

Претходно денеска Пентагон потврди дека во американски воздушен напад врз цел во авганистанската провинција Хелманд, по грешка, биле убиени дванаесет авганистански полицајци, а двајца биле ранети, пренесоа американските медиуми.

Во соопштение на Пентагон се наведува дека во вчерашниот невнимателен воздушен напад, како дел од операцијата за поддршка на САД во борбата против талибанските бунтовници во регионот,била погодена зграда на полицијата .

Во соопштението се искажува и жалење до најблиските на убиените полицајци.

Поголем дел од провинцијата Хелманд е под контрола на талибанците, со кои авганистанската армија и полиција водат жестоки борби за враќање на територијата.

НАТО и САД се воено присутни во Хелманд како поддршка на авганистанските сили.

Началникот на полицијата во областа Герешк, Абдул Гафар Сафи, за американските медиуми изјави дека убиените полициски офицери, заедно со авганистански војници, учествувале во операции против талибанците во регионот. Тие не биле во униформи, поради што, по грешка, веројатно биле сметани за талибански борци, додаваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти