Царовска: Работиме на унапредување на правата на лицата со посебни потреби

Од:

Она што е ветено пред еден месец на родителите на децата со посебни потреби од граѓанската иницијатива „Пет до 12“ е преточено во законски текст, изјави при денешната посета на градот Штип министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Посочи дека текстот е веќе јавно објавен, а исто така е и доставен до родителите на децата со посебни потреби и до работната група.

– Секој ден работиме за унапредување на правата на лицата со попреченост. Во моментов се гради Центар за поддршка на дечиња со Даунов синдром. Во законот предвидуваме персонална асистенција, што досега во законот за социјална заштита никогаш не била предвидена. Не можеме да имаме персонални асистенти, ако немаме законски основи и ако немаме стандарди и протоколи по однос на персонална асистенција. Посебниот додаток преминува во додаток за туѓа нега, директно без да поднесуваат барања, а исто и посебниот додаток го отстрануваме како бариера за секоја година да поднесуваат соодветна документација. Сето тоа е олеснување на родителите, вели Царовска.

Истакна дека дополнително со министерството за здарвство се разгледува и можноста за укинување на конзилијарното мислење за додатокот за туѓа нега, со што ќе се заштедат средства, но и шетање на семејствата на лицата со посебни потреби од една до друга институција.

На новинарско прашање за реакциите на јавноста за новата Стратегија за бегалци и странци, каде што се споменува бројка од 150.000 до 200.000 луѓе Царовска вели дека ова е само документ кој во духот на транспарентноста на новата влада го објавуваат на веб страницата, со цел граѓаните, здруженија на граѓани, меѓународната заедница да може да даде контрубуција, да го коментира и да даде позитивни насоки.

– Овој документ мора да го има Македонија, како сериозна држава која што ратификувала конвенции, има законски основи за донесување на оваа стратегија и е продолжение на претходен документ. Значи никакво вклучување и обезбедување на вдомување на 150.000 мигранти нема во овој момент. Ние целосно стоиме зад овој документ дека тоа е стратешка позиција на Македонија. Во делот на мигрантите мора да имаат обезбедени права согласно меѓународни документи, вели Царовска.

Премиерот Заев по ова прашање дополни дека бегалците транзитираат низ Македонија, а кога поминуваат мора да има законска основа за да се помогне на децата и на нивните родители.

– Самиот факт што бегалците транизитираат низ Македонија кажува дека е лага, секоја шпекулација која што се лиферува дека Македонија носи стратегија за да апсорбира бегалци. Бегалците низ Македонија транзитираат, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Уште две министерки побараа апанажа: Царовска молчи за плановите, Шекеринска размислува

Кристијан Ландов

Царовска: Условите за работа и движење меѓу население и условите за движење во училишниот двор се подеднакви

Царовска: Брзи тестови во училиштата не се препорачани од Комисијата за заразни болести

Катерина Ѓуровски

Царовска: Состојбата во училиштата стабилна

Катерина Ѓуровски

Царовска: Изминатиот ден имавме 14 позитивни ученици, нема интерна трансмисија во училиштата

Маја Илиевска-Пачемска