Расправа за управување со отпадот во Скопскиот регион

Од:

Во Скопскиот регион ќе се изградат две претоварни станици. Првата во Шуто Оризари, која ќе ги опслужува општините Бутел, Ѓорче Петров, Карпош, Сарај, Чучер-Сандево и Шуто Оризари. Втората ќе биде во „Вардариште“ Гази Баба и ќе ги опслужува општините Гази Баба, Арачиново, Петровец и Илинден.

Општините Аеродром, Кисела Вода, Центар, Чаир, Зелениково, Студеничани и Сопиште ќе го пренесуваат својот отпад директно до центарот за управување со отпад „Дрисла“. Ова денеска беше соопштено на јавната расправа организирана од Министерството за животна средина и просторно планирање и Секторот за животна средина, што се одржа во Совет на Град Скопје.

На расправата беше претставена Студија за оцена на влијанието врз животната средина за Интегриран систем за управување со цврст отпад во Скопски регион кој опфаќа 17 општини. Студијата е подготвена во рамки на проектот „Подготовка на потребни документи за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски регион“.

Проектот е инициран од Министерството за животна средина и просторно планирање во рамките на ИПА, доделен од Секторот за централно финансирање и склучување на договори при Министерството за финансии и спроведен од страна на ENVIROPLAN S.A. и неговите конзорциумски партнери, LOUIS BERGER – BiPRO GmbH – EPEM S.A. – SLR Consulting Limited.

Тим лидерот на проектот Христос Цомпанидис изјави дека во моментов во Скопскиот регион има најнапреден начин на управување со отпад, најнапредна технологија и се врши делумно рециклирање.

Веќепостоечката депонија „Дрисла“, како што рече, е релативно безбедна, но се уште има долг пат кој треба да се помине за целиот начин на управување со отпад да биде целосно стандарден.

– Иако постои „Дрисла“ се уште има многу диви и нестандардни депонии. Се уште стапката на собирање не е 100 отсто и не е достигната целта во поглед на рециклирањето. Целта на проектот е да ја изработи целата потребна документација за да може да се воспостави еден интегриран систем на управувње со отпад во Скопкиот регион. Ги содржи сите фази, од собирање на отпадот до третман и негово одложување на депонија, рече Цомпанидис. Додаде дека проектот ги предвидува сите објекти и услуги кои се потребни за да функционира системот.

Тој посочи дека проектот ќе чини околу 13 милиони евра, а целиот капацитет да почне со работа до крајот на 2021 година.

Цомпанидис рече дека граѓаните го собираат отпадот во една канта и додаде оти поради тоа стапката на рециклирање, која се предвидува со закон и треба да биде 55 отсто не е постигната.

– Денес се рециклираат помалку од 2 отсто. Целта на проектот е исто така да се подобри собирањето на отпадот поради тоа што има големи растојанија до „Дрисла“. Ние предвидуваме во иднина и со проектот да има претоварни станици со кои ќе се овозможи полесно пренесување на целиот отпад од општините каде што се создава до централната депонија, до „Дрисла“, рече Цомпанидис. Потенцира дека со проект се предвидени средства и за подигање на јавната свест.

На јавната расправа присуствуваат претставници од општините и од јавните комунални претпријатија. Во рамки на проектот досега јавни расправи се одржале во Вардарскиот и во Југозападниот регион.

Би можело да ве интересира

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Засадени 50.000 дрвја во Велешко, за две години 90.000 со акцијата за пошумување „Сончева Гора“

Откриен опасен отпад во близина на скопското село Орман

ЈП Дрисла: Градоначалниците на Кисела Вода и на Аеродром немаат договор со депонијата, каде го фрлале сметот досега?

A1on

Полицијата на отпад најде нецаринети возила со странско потекло