(ВИДЕО) Јанкуловска со треперлив глас: Не мислам да бегам, фактите се на моја страна

Од:

СЈО останува на барањето за притвор на Јанкуловска, обвинета за 4 кривични дела во предметот „Титаник“, додека пак екс-министерката бара судот да и го врати пасошот.

Обвинителот од СЈО, Гаврил Бубевски вели дека сите околности укажуваат дека однесувањето на обвинетата е за целосна негација на СЈО, после сите покани само еднаш се јавила во обвинителството.

-Јанкуловска е една од главните извршителки на кривичните дејствија, одбегнува да се појавува во СЈО за да ја одолговлечи постапката, вели Бубевски додавајќи дека има директни дејствија дека Јанкуловска вршела влијание врз сведоци и дека и во иднина може да влијае врз нив.

Боро Тасевски, еден од четворицата адвокати на Јанкуловска вели дека таа е правник со висока академска титула и дека апстракна била опасноста за нејзино бегство.

Адвокатот Дангов Димитар рече дека во постапката против Јанкуловска предвид се зема изјава на сообвинет кој потоа станал сведок. На ова, обвинителот Бубевски одговори дека сведокот станал соработник на правдата, на кој се повикала одбраната.

Обвинетата Јанкуловска вели дека оваа постапка против неа е позната во јавноста повеќе од две години и дека не сторила ниту едно кривично дело.

-Работев во интерес на Македонија во институции кои се борат против криминалот.Јас 2 години не сум влегла во МВР
за да имам влијание врз сведоци, вели Јанкуловска.

Јанкуловска се пожали дека обвинителството дозволило само делумен увид во доказите. Таа исто како и останатите осомничени кои денеска присуствуваа во Апелација рече дека едвај чека да почне судењето за да ја докаже својата невиност.

Екс-министерката истакна дека СЈО спроведува политичка пропаганда и предлага мерки без никаква основа.

Не мислам да бегам фактите се на моја страна, рече Јанкуловска.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Апелација ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот против Мухамед Зеќири

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он

Судијката Ристеска се враќа во Кривичен суд до објавување на пресудата за Ласкарци

Александар Тодески

Судски совет ќе ја враќа судијката Ристеска во Кривичен суд за да го спаси предметот Ласкарци

Александар Тодески

Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Александар Тодески