Министерот Манчевски во работна посета на Албанија

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска е во работна посета на Тирана, во рамки на која оствари средба со генералната директорка на Националната агенција за информатичко општество Линда Карцанај и со министерката за иновации и јавна администрација Милена Харито.

Министерот Манчевски, како што информираат од неговиот кабинет, го посетил и Националниот регистар на граѓани.

На средбата со директорката Карцанај, министерот Манчевски разговарал за досегашните позитивни искуства на агенцијата за информатичко општество. Карцанај се осврнала на услугите што тие ги нудат на останатите институции во Албанија, и бил презентиран проектот Е-Албанија. Манчевски ги споделил заложбите на министерството за реализација на проектите што се однесуваат на Централниот регистар, Е-услуги и отворена влада.

Со министерката Харито, Манчевски разговарал за позитивните искуства на Албанија со проектот „one stop shop“, како и за Албанската школа за јавна администрација. Министерот Манчевски ја информирал министерката Харито за реформите во јавната администрација на кои министерството работи во моментов.

За време на посетата на Националниот регистар на граѓани, Манчевски остварил средба со заменикот министер за внатрешни работи Стефан Чипо и со директорот на Националниот регистар Бледар Дорацај.

Заклучокот од средбите, како што информираат, е дека постои можност Македонија и Албанија да соработуваат во иднина, во делот на развој на информатичкото општество и во сферата на јавната администрација.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент