Размената на информации за досегашната соработка меѓу двете институции за проекти кои се однесуваат на младата популација како движечка сила и промотор на новите вредности во општеството и државата беше тема на денешната средба во Скопје меѓу директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Дарко Каевски и шефот на одделот за човекова димензија при Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Гонзало де Чезаре.
На состанокот, информираат од АМС, се разменија идеи и насоки за натамошната соработка помеѓу овие две институции во насока на младинското учество, социјална инклузија, спречување на говор на омраза и недискриминација кои треба да придонесат во социјалната, културната и образовната интеграција на младите во мултиетничкото општество во Македонија.
Од страна на директорот Каевски беше посочено и донесувањето на Законот за млади како главен приоритет на АМС, кој процес ќе се одвива чекор по чекор со отварање на широка дискусија со вклучување на сите релевантни и заинтересирани страни во процесот, со што од страна на Мисијата на ОБСЕ беше понудена поддршка во целокупниот процес.