Костовски: СЈО е алатка за политички притисок врз ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Сите случаи кои ги отвори СЈО беа со цел пресметка со ВМРО-ДПМНЕ и неговото раководство и креирање негативна слика за партијата во очите на јавноста, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат и дека СЈО имало за цел амнестирање од одговорност на Зоран Заев и Зоран Верушевски за сторените криминали.

– СЈО со повлекувањето на обвинението за случајот „Пуч“ каде главни обвинети беа Заев и Верушевски на дело ја покажа својата пристрасност и непрофесионалност, потврдувајќи дека се работи за политички инквизиторен орган кој нема за цел докажување на вистината и откривање на криминалот, туку монтирање и конструирање политички хајки против ВМРО-ДПМНЕ, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаде дека повлекувањето на предметот „Пуч“ и откажувањето од кривичен прогон СЈО се ставило себе си над законот и над Уставот на Република Македонија.

Во овој предмет, рече, имало признание за вина од страна на Ѕвонко Костовски кој го признал кривичното дело и објаснил како незаконски следеле комуникации со опремата на ДБК и потоа како групата на Верушевски истите ги изнесувала. Според него, СЈО го барало предметот „Пуч“ од ОЈО, единствено за да ги ослободи од гонење Заев и Верушевски, кои се инспиратори на сите случаи кои СЈО ги покрена.

– СЈО, но и сите други субјекти во државата треба да знаат дека Република Македонија е демократска држава, со јасно дефинирани принципи на владеење на правото и секој еден кој ги прекрши законите ќе одговара, пред органите на оваа држава во многу брз временски период, рече Костовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ