ВМРО-ДПМНЕ: СДС има испланирано до крајот на годината да го зголеми долгот за дополнителни 150 милиони евра

Од:

„Неспособноста на владата на СДС се повеќе излегува на виделина.

Владата на СДС упорно продолжува да ја задолжува Република Македонија со издавање на државни хартии од вредност чин кој до пред неколку месеци СДС го оценуваше како тежок криминал, па дури им се закануваше на заинтересираните банки. СДС тогаш со помош на нивните медиумски мегафони креваа паника и хистерија, а денес истите премолчуваат и одобруваат.

Тоа е лицемерието на СДС. Додека се во опозиција едно говорат, ветуваат, а кога ќе дојдат на власт сосема трето прават.

Без тронка срам владата на СДС има испланирано до крајот на годината освен тековните задолжувања да го зголемат долгот за дополнителни 150 милиони евра.

Досега владата на СДС само по основ на овие аукции се задолжи 70-тина милиони евра. Последната аукција изнесуваше 10,6 милиони евра од која само 227 илјади евра ќе се вратат како отплата на доспеан долг, а остатокот е чист долг на грбот на граѓаните.

Владата на СДС молчи, не кажа ниту за што ќе се искористат овие пари, дали со нив ќе се прави некој пат, некоја канализација, некое училиште, градинка или болница. Напротив, средствата за ваквите проекти во ребалансот тие безмилосно ги кратат.

Граѓаните на Република Македонија со право прашуваат овие пари каде ќе бидат наменети и за што. Дали овие пари ќе се искористат за исполнување на ветувањата за минималната плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари и плата од 100.000 денари за докторите или СДС парите ќе ги искористи за партиски вработувања, набавки на октоподи, морски плодови, опрема и аранжирање на цвеќиња“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

СДСМ за ЗНАМ на Димитриевски: Човек-партија, граѓаните ја препознаваат измамата

А1он