Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски не е импресиониран од новото раководство на опозициската СДСМ и смета дека нема да бидат конструктивна опозиција.

– Ние не може да кажеме какво раководство треба да има СДСМ, тие одлучиле дека такво раководство заслужуваат. Не сум импресиониран од ова раководство. Напротив, сум разочаран затоа што ценам дека овие луѓе не можат да бидат конструктивна опозиција и додадена вредност на политичката сцена и дека ќе продолжат со конструкции, измислици, ниски странски, дневни навреди…., изјави денеска Мицкоски, коментирајќи го изборот на највисоките тела на СДСМ на вчерашниот конгрес.

Според Мицкоски, локалните избори, што треба да се одржат за 10-тина месеци, ќе бидат тест за новото раководство на СДСМ.

– Јас би сакал да бидат конструктивен партнер на политичката сцена, но за жал морам да констатирам дека не сум импресиониран, рече Мицкоски.

На вчерашниот 30-ти конгрес на СДСМ беше избрана Фани Каранфилова Пановска за нов заменик претседател на СДСМ. На конгресот, на кој присуствуваа 536 од 626 нови делегати, беше избран и Централниот одбор на партијата, а до крајот на неделата се очекува да биде избрано целото ново раководство на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Како буџетот е предизвик за Мицкоски кога сме трета економија во Европа?

ДУИ: Мицкоски измислува непостоечки уставни одредби и закони за да го оправда исклучувањето на албанскиот јазик

Директорката на „Алта груп“ која е во притвор во Белград има фирма во Скопје, објави СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Да не излезе одговорот за Алта банка во Sky преписките

СДСМ: Се кратат парите за спортот, со Борко Ристовски македонскиот спорт оди кон пропаст

Мицкоски: Владата ги исполнува обврските од Реформската агенда, а билатералните прашања не се дел од тие обврски

А1он