Обединети за Македонија застана во одбраната на борците од НОБ

Од:

„Обединети за Македонија чувствува должност да застане во одбраната на борците од НОБ, и ја има честа за пртеседател на партијата да го има човекот кој застана во одбраната на татковината кога беше најпотребно“, вели Даниел Пауновски.

Нема да дозволиме, рече, ниту партијата на власт ниту било кој политичар да се дрзне и да крене рака врз нашите бранители, тоа се луѓе со заслужени ордени, луѓе кои гордо стоеле на браникот на татковината и го жртвувале својот живот, за разлика од некои сега што сакаат тоа да го прикријат, или едноставно да го заборават. Според членот 36 од Уставот државата на борците им гарантира, цитирам:

„Посебни социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија, како на нив така и на членовите на нивните семејства“.

Со овој чин на нетолератност власта го згази нивното достоинствно на борци исфрлајќи ги на улица. Обединети за Македонија ја прашува власта каде во светот е виден ваков случај да сопствената држава ги исрфли на улица сопствените борци, или пак тоа им се случи бидејќи само тие не прифатија да штрајкуваат пред штабот на СДСМ, против не донесувањето на буџетот. Обединети за Македонија порачува дека оваа држава не е држава на една политичка партија, Република Македонија е држава на целиот нејзин народ и само народот може да одлучува за неговата иднина и просперитет, а не политичката партија на власт.

Би можело да ве интересира

ОМ: Министерство за политички систем и етнички национализам

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е вековен сон на целиот македонски народ

Катерина Ѓуровски

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска

ОММ стана придружен член на Европските млади конзервативци

Ана Ололовска

ОМ против најавената промена на називот на улицата „Борис Сарафов“ во „4 Јули“

Ана Ололовска