Костовски: СЈО е мрачна страница на македонското правосудство

Од:

„СЈО е продолжена рака на СДС. Тоа го видовме со секој еден случај кој тие го отворија.

Случајот „Тендери“ кој СЈО го отвори, а се однесуваше на наводна злоупотреба на службено овластување при избор на фирма за изведба на градба на објектот на Музејот на македонската револуционерна борба е целосно монтиран процес, дел од една политичка пропаганда на СДС која има за цел да го оцрни ВМРО-ДПМНЕ.

Целосната постапка за изградба на музејот на македонската револуционерна борба е спроведена согласно закон, јавно и транспарентно.

СЈО исто како и во другите случаи води нарачана хајка против ВМРО-ДПМНЕ со политички театар, за да обезбеди материјал за медиумите под контрола на СДС за креирање на негативна слика во јавноста за ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека сите проекти и сите постапки се работени според законите. Истите беа ставени на увид од страна на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска како секој би можел да има увери во постапките.

Граѓаните видоа дека сите случаи, без исклучок беа дел од организираната хајка против ВМРО-ДПМНЕ и нејзиното раководство, кои се последниот бедем за одбрана на државните и националните интереси.

СЈО е мрачна страница на македонското правосудство. Граѓаните гледаат дека СЈО е политички инструмент и истите се срамат од него“, изјави Дарко Костовски.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски