ЦИВИЛ: Осуда на бизарната прослава на диктатурата на Ердоган во Турција

Од:

„Газењето на човековите права, корупцијата, контрола врз медиумите и насилство врз политичките неистомисленици е краткиот опис на долгогодишното авторитарно владеење на Реџеп Тајип Ердоган во Турција.

По обидот за пуч или, како што дел од светската јавност верува, инсценираната криза која на Ердоган му даде простор за брутална пресметка со својот народ, демократијата, слободата на изразувањето и владеењето на правото се укинати. Наместо тоа, во Турција сега масовно се апси. Се убива.

Ердоган владее со брутално насилство. Илјадници интелектуалци, новинари и опозиционери гнијат в затвор, а медиумите, администрацијата, војската и полицијата минаа низ болна и насилна чистка. Во тие структури сега има само слепи послушници на режимот кој го воспостави овој назаден исламски фундаменталист. Од држава што се обидуваше да држи чекор со времето, Ердоган направи темен вилает. Тој стори сè за да се уништи и заборави тоа што го создаде големиот реформатор и творец на европска Турција – Кемал Ататурк.

Дрско и арогантно, денеска и во Македонија се слави една година од бруталната окупација на Турција, која ја спроведе Ердоган на чело на една корумпирана и насилничка клика. Ни помалку, ни повеќе, организаторите, финансирани од државната агенција ТИКА, ќе слават!

ЦИВИЛ – Центар за слобода најостро го осудува бруталниот диктаторски режим Ердоган.

Најостро го осудуваме бизарниот чин на прослава и агресивна кампања која бесрамно го прикажува актот на брутално насилство, окупација и диктатура како победа на демократијата. Ја повикуваме македонската и меѓународната јавност да ѝ се придружи на оваа осуда. Ги повикуваме медиумите, јавните личности, политичарите, а особено претставниците на институциите и државата – да ја бојкотираат оваа бесрамна манифестација на дрскост, узурпација и манипулација со нашата јавност од диктаторската клика во Турција.

ЦИВИЛ ја користи оваа можност да изрази силна поддршка за активистите за човекови права, медиумските работници и сите слободољубиви граѓанки и граѓани на Турција кои се залагаат за демократија, слобода и владеење на правото“ се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

Би можело да ве интересира

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Во Турција уапсени 348 осомничени во акции против криминални организации

(ВИДЕО) Трагедија во Турција: најмалку 11 жртви и 27 повредени во сообраќајна несреќа

Катерина Ѓуровски

Турција ги забрани социјалните мрежи за деца под 15 годишна возраст

А1он

Во Турција на секои четири минути умира по еден човек како последица од пушењето

А1он

ВИДЕО: Пукање во училиште во Турција, осуммина повредени

Катерина Ѓуровски