Министерот Спасовски се сретна со шефот на Канцеларијата за врски на Грција во земјава

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со шефот на Канцеларијата за врски на Република Грција Димитрис Јанакакис.

Амбасадорот, како што соопшти МВР, му посакал успешна работа на министерот Спасовски, особено во делот на спроведувањето на реформите и ја потенцирал подготвеноста за соработка меѓу двете земји.

Министерот Спасовски ја потенцирал соработката што МВР ја имаше со грчката полиција во периодот на техничката влада, кога беа направени и контакти меѓу министрите на двете земји, а беше организирана и средба на директорите на двете полиции.

Спасовски и Јанакакис се согласиле дека соработката мора да се интензивира во интерес на безбедноста на граѓаните на двете земји, особено во борбата против тероризмот, насилниот радикализам, организираниот криминал и проблемот со мигрантите. Регионалната соработка е неопходна за успешно справување со овие предизвици, а мигрантската криза беше пример за тоа колку е потребна соработката меѓу Република Македонија и Република Грција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Грција ги забранува социјалните мрежи за лица помлади од 15 години

А1он

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

(ВИДЕО) Експлозија во Атина, повредени се најмалку четири лица