МТВ е пример како не треба да изгледа медиум

Од:

Улогата на јавниот сервис во општеството е различна од улогата на еден независен радиодифузер. Јавниот сервис има обрвска да ги застапува сите општествени групи во медиумскиот простор, а сите граѓани да имаат можност да го следат, без разлика на нивниот општествен и материјален статус, треба да има разновидна програма – од вести до забавни емисии – сè со цел да допре до секој гледач, да биде независен во уредувачката политика и да промовира посебност и квалитет.

Карактеристики на јавниот сервис се: универзалност, разновидност, независност, посебност и квалитет. Но, за да може јавниот сервис да ги исполни овие карактеристики, претходно мора да има стабилна и транспарентна рамка на финансирање, со која јавниот сервис ќе ја исполни својата мисија и ќе има раководство способно да ги постигне овие цели.

Македонскиот јавен сервис или Македонската радиотелевизија во најголем дел се финансира од месечната претплата на гледачите. Секоја година МРТ дава отчет во Собранието на Р. Македонија за својата работа.

Јавниот сервис има проблем со исполнувањето на својата цел: карактеристиките кои треба да бидат одлика на еден јавен сервис се релативно непрепознатливи кај него. Па, така, што се однесува на универзалноста, треба да се каже дека МРТ е достапна за сите граѓани не само во техничкото покривање, туку и на јазиците на етничките заедници во Републиката.

Она што треба да се поправи е обезбедувањето подобар форум за јавна дебата за поголем број општествени групи. Разновидноста на емисиите е дискутабилна; иако има разновидни програми, од вести до забавни емисии, се чувствува недостатокот од емисии наменети за маргинализираните групи во општеството, а исто така се гледа и отсуство од дебата за актуелни прашања во општеството.

Независноста на јавниот сервис е најоспорувана. Јавниот сервис се претвори во медиум кој е очигледно пристрасен, кој ги промовира политиките на власта, дури и на политичките партии што се дел од владата, а односот кон опозицијата и независните аналитичари е еднаков на односот кон нив од страна на владејачките партии. Интересно е да се види и тоа како функционира: кога јавниот сервис има програма на македонски јазик очигледна е поддршката кон ДПМНЕ, додека, пак, во програмата на албански јазик очигледна е поддршката кон политиката на ДУИ; во програмата на турски јазик е очигледна наклонетоста кон партијата која ги претставува Турците во владејачкото мозинство, итн. – што се однесува на сите етнички заедници кои постојат во државата.

Вестите кои мора да бидат независни, точни и непристрасни , всушност, спротивни се на сето тоа, а истото важи и за сите политички емисии. Отсуството од дебата во јавниот сервис е пoследица на желбата на власта. Во една ваква ситуација, јавниот сервис наместо да се обиде да го подобрува општеството доби една нова улога: критичар на опозицијата, политичките противници на власта.

Посебноста и квалитетот кои треба да бидат промовирани во медиумскиот простор се исто така карактеристики во кои МРТ целосно потфрла веќе со години. Иновативноста, воведувањето нови жарнови и нови наслови, поставувањето нови стандарди во аудиовизуелната област, продуцирањето нови програми и тестирањето теми за кои комерцијалните медиуми не се заинтересирани, а сепак се од интерес на публиката – нема.

Па така, на МРТ можеме да видиме серии кои се репризираат, а кои биле актуелни во почетокот на ’90-ите. Наместо да биде пример за сите приватни медиуми и да го диктира развојот во медиумската сфера, јавниот сервис е пример како не треба да изгледа еден медиум. Со јавниот сервис во Р. Македонија управуваат органите на Македонската радиотелевизија, а тоа се: Советот на МРТ, Управниот одбор на МРТ и извршниот директор на МРТ.

Моделот на управување на јавниот сервис би требало да се потпира врз два принципи: независност и отчетност. Како што веќе наведовме погоре, јавниот сервис секоја година поднесува извештај во Собранието на Р. Македонија. Не само што ја нема независноста и не само што е очигледно влијанието на власта, туку може да се забележи и дека јавниот сервис е средство што се користи во политичката пресметка со опозицијата.

Оценката на работењето на јавниот сервис се носи според два аспекти:

– Колку успешно јавниот сервис ја остварува својата мисија и програмските обврски?
– Колку е публиката задоволна со програмите?

Одговорот на овие две прашања е оценка за работата на МРТ, а повеќе од јасно е дека оценката е негативна.

Џелал Хоџиќ

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска