МОН: Објектот на ФИНКИ се градел со незадоволителен процент на реализација

Од:

Новата зграда на ФИНКИ досега се градела со многу слаба динамика на градење и целосно незадоволителен процент на реализација од 4 проценти во услови во кои досегашната реализација би требало да биде минимум 45 проценти, соопшти Министерството за образование и наука реагирајќи на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, новата Влада со ребалансот на буџетот крати 75 милиони денари од парите наменети за изградба на новата зграда за ФИНКИ.

МОН во реакцијата наведува дека предвидената временската рамка за изградба на новата зграда на ФИНКИ е од 9 декември 2015 до 9 декември 2018 година. Тендерот во 2015 година го има добиено и изведбата ја врши ГТД Бетон Штип.

– Предвидената сума за новата зграда на ФИНКИ во Буџетот од 2015 била 96 милиони денари од кои се реализирале 0 денари. Во Буџетот од 2016 предвидени биле 250 милиони денари кои биле скратени на 99 милиони денари. Во Буџетот од 2017 предвидени се 250 милиони денари и со предлогот за ребаланс би биле 175 милиони денари или речиси двојно повеќе од она што претходната Влада го предвидела минатата, а неспоредливо повеќе од 2015 година, соопшти МОН.

Министерството додава дека нема никаков долг кон фирмата изведувач што ја гради зградата на факултетот и дека фирмата која гради и покрај сите ургенции за забрзување на работите од страна на министерството најдобро знае од кои причини не се работи со интензитет кој го дозволува теренот и градилиштето.

– Подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ претходните години имале многу посилни причини за реакција и загриженост од денес кога се предвидуваат двојно повеќе пари за новата зграда на ФИНКИ од 2016 и 2015, кога нивните функционери склучувале лоши договори и носеле одлуки, пишува во реакцијата на Министерството за образование и наука.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови