Средба Заев-Меркел: Германија силно ја поддржува новата реформска Влада на Македонија

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во Трст имаше билатерална средба со канцеларката на Република Германија, Ангела Меркел.
Германската канцеларка Меркел изрази голема поддршка за новата Влада на Македонија, за одлучноста на Владата за суштински реформи и за определбата за интеграција на Република Македонија во ЕУ.

“Владата е одлучна да ги спроведе потребните реформи и да ја осигура евро-атлантската иднина на Македонија, а со тоа и квалитетен живот за граѓаните”, рече премиерот Заев.

Канцеларката Меркел најави поддршка од Република Германија во реформскиот и евро-атлантскиот интеграциски процес.

Изразена е заедничка определба да продолжи со уште поголем интензитет соработката помеѓу Република Македонија и Република Германија во области важни за граѓаните на двете земји.

Би можело да ве интересира

Баварскиот премиер бара укинување на социјалната помош за Украинците во Германија

Горан Наумовски

Драма во хемиски парк во Германија: Истече отров, има голем број повредени

Германија масовно ќе ја бомбардира Русија ако таа нападне членка на НАТО

Пентагон го откажува планот за испраќање ракети „Томахавк“ во Германија

Германија го повикува Путин на преговори

Вагенкнехт: Германија затвора очи пред нацистичкиот култ во Украина