(ВИДЕО) Заев од Трст: Ќе соработуваме, за напредок на регионот и за перспективите кон ЕУ

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија денеска во Трст во ијзава за медиумите кажа дека е потребна соработка за да напредува регионот.

„За нас, за Република Македонија, ова е навистина важен настан. Самитот во Трст, зборува за перспективите на целиот регион за Западен Балкан кон Европската Унија, но и, секако, за регионалното поврзување на целиот овој регион. Јас сум многу среќен заради тоа што сите овие состаноци кои што овде се одржуваат, оставаат сериозен впечаток дека има одлична европска перспектива Република Македонија и за регионот на Западен Балкан. Пораките што овде ги добиваме, а и што ние ги испраќаме, дека ќе го поддржиме целиот овој процес, ќе соработуваме за да може да напредува регионот, секако сам за себе, но и за перспективите кон Европската Унија.

Состаноците коишто овде се држат, не само што ќе ја зголемат комуникативноста, поврзувањето, транспортот, соработката, економијата, помеѓу сите овие земји, јас верувам дека ќе испратат дополнително силен сигнал кон европските институции, фокусот на Европа сè повеќе да биде насочен кон самиот регион, поддржувајќи го самиот регион, за навистина вредностите, севкупни економски, квалитативни на целиот овој регион, да се приближуваат кон вредностите коишто Западна Европа ги познава. Само на тој начин ќе се забрзаат сите процеси кон целосна интеграција на Република Македонија кон Европската Унија“ изјави Заев во Трст.

Одговарајќи на новинарско прашање дали има нешто конкретно од договорот, затоа што Хан имаше изјава за Дојче Веле за Коридорот 8 и со колку пари ќе се затвори, Заев одговори дека ќе остави до крајот на Самитот за да бидат објавени точните цифри.

– Но, Македонија е голем добитник од овој Самит. Процесите што денеска треба да бидат објавени како резултат во делот на конкретна поддршка за изградба на инфраструктура, се многу значајни за идните економски, и пред сè за севкупните перспективи на поврзување на Република Македонија во регионот и во Европа, рече Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Училишен тест за Борко: Димевски подготви прашалник по најавите за тужба од суспендираниот голман

A1on