Дебата за зголемување на образовната инклузија на Ромите

Од:

Претставници од национални и локални институции и од невладиниот сектор денеска дебатираат на тркалезната маса „Наоди од целисходни истражувања за состојбите на ромската популација“.

Организатори се Ромскиот ресурсен центар и Центарот за семејно и детско згрижување од Атина. Тркалезната маса е во рамки на проектот „Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите“ финансиран од Европската Унија.

Себихан Демировски од Ромскиот ресурсен центар информира дека проектот се спроведува од јануари годинава и ќе трае 24 месеци до јануари 2019 година.

– Целта на проектот е да се зајакне граѓанскиот сектор во Македонија за да се подобри образовната инклузија на ромската заедница во нашата држава, истакна Демировски.

Според него, ромската заедница се соочувала со сериозни проблеми во образованието, особено пред почнување на иницијативата Декада за вклучување на Ромите 2005-2015 и Националната стратегија за вклучување на Ромите во Македонија.

– Постојат големи резултати кои покажуваат дека е унапредена состојбата со образованието кај Ромите, но секогаш има простор да се направи многу повеќе за да се подобри образованието кај сите заедници во државата, не само кај ромската, рече Демировски.

Тој истакна дека резултати има кај високото образование на Ромите.

– Пред 2005 година, кога имало максимум десетина студенти Роми, а дипломирани помалку, сега има од 300-400 активни студенти на факултетите во Македонија и некаде до 150 дипломирани студенти Роми. Има напредок и во средното образование кај ромската зеадница. Овој проект интервенира во основното образование, да се вклучат учениците кои се исклучени од образовниот систем, истакна Демировски.

Посочи дека постојат деца кои не се вклучени во образованието, од било која причина и, како што рече, проектот работи на тоа да ги унапреди инклузивните политики, да ги зајакне капцитетите на локално и национално ниво за да може да обезбеди максимум да можат да се вклучат во образование и учениците кои се исклучени од образовниот систем.

Одговарајќи на новинарско прашање, Демировски рече дека во минатото бил мал бројот на вработени Роми во администрацијата, во јавните служби, а сега има напредок и во тој дел.

– Не е тоа доволно и има простор да се вработуваат уште. Има многу невработени дипломирани од сите заедници, не само Роми. Многу млади дипломирани Роми работат во меѓународните организации надвор од Македонија и во невладиниот сектор во државата, кои ги поддржуваат сите мерки за образование, вработување, домување и здарвство во Република Македонија, рече Демировски. Додае дека исто така во рамки на проектот работат и на намалување на дискриминацијата во образованиот процес.

Јоргос Алексопулос од Центарот за семејно и детско згрижување од Атина информира дека проектот има повеќе фази. Во иницијалната или истражувачката фаза се правеле локални истражувања и најави дека понатаму ќе има зајакнување на капацитетите на граѓанските организации и нивно активно вклучување во имплементација на активности на локално ниво, во насока инклузија на децата Роми.

– Генерално нашата работа се фокусира на граѓанскиот сектор, зајакнување на нивните капацитети и подигнување на свеста на локалното население против дискриминација на ромската популација во рамки на државата, но и по општините, истакна Алексопулос.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

A1on

Приоритети на Стратегијата за Роми 2022–2030 се долгорочното унапредување на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите

А1он

Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска