ВМРО-ДПМНЕ: СЈО е продолжена рака на СДС

Од:

СЈО е експозитура и продолжена рака на СДС, покренува обвиненија без докази, преполни со манипулации и без аргументи, а обвиненијата се со политички квалификации и преполни со правни преседани, обвини декеска ВМРО-ДПМНЕ.

Еден од случаите кој бил предмет на класична манипулација, како што рече Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ, е и „Титаник“ каде, како што рече, на површина излегува политичката желба за слабеење на ВМРО-ДПМНЕ со цел слабеење на државата.

– Целиот случај се сведува на парадоксално обвинение за изнајмени подметачи на чаши, бина и озвучување, а во јавноста лажно се преставува дека се работи за организиран криминал од невидени размери. Истовремено СЈО сака лажно да ги престави за криминални донациите во ВМРО-ДПМНЕ кои што се чисти, спроведени согласно закон. Донации годишно има од 25 илјади членови и помагатели. Од 25 илјади донации, тие нашле според нив сомнителни неколку десетина уплатници на лица кои изјавиле дека не се сеќаваат на потписите бидејќи се работи за случај од пред неколку години, како и лица зад кој стои јасен политички мотив бидејќи актуелно се дел од други политички партии и структури и јавно се прокламираат за дел од партии кои се партиски конкуренти на ВМРО-ДПМНЕ истакна Костовски.

Скандалозно е, додаде тој, што поради овие неколку десетина уплати СЈО целата партија ја обвинува за сите 25 илјади уплатници што, според него, преставува правен преседан. Тоа, потенцира, нема никаква врска со право и е јасен политички случај.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт