Тркалезна маса „Наоди од целисходни истражувања за состојбите со ромската популација“

Од:

Тркалезна маса „Наоди од целисходни истражувања за состојбите со ромската популација“, ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Ромски ресурсен центар и Центарот за семејно и детско згрижување – Атина.

Тркалезната маса сe одржува во рамки на активностите од проектот „Градење на посилно граѓанско општество за поттикнување на напорите за унапредување на образовната инклузија на Ромите“ финансиран од Европската Унија.

Организаторите посочуваат дека учесниците на тркалезната маса ќе имаат можност да ги слушнат сублиминираните податоци кои влијаат на вклученоста на децата Роми во формалното образование. Главните заклучоци, како што наведуваат, се резултат на тримесечна работа на истражувачите со поддршка од двата центри и даваат исклучителни податоци во однос на капацитетите на граѓанските организации, генералните проблеми со кои се соочува ромската популација, како и легислативните рамки за образовна вклученост на децата Роми.

На тркалезната маса ќе се презентираат наодите од анализата на легислативни рамки за образовна вклученост на децата Роми, проценката на капацитетите на граѓанските организации кои работат со Роми, како и од пресекот на клучните предизвици и проблеми на ромската популација по таргетирани општини.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

A1on

Приоритети на Стратегијата за Роми 2022–2030 се долгорочното унапредување на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите

А1он

Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска