Лидерот на табелата ПСЖ синоќа со победа од 3:0 против Брест го отвори 19.коло во француската Лига 1.
Стелци на головите беа: Златан Ибрахимовиќ во 55.минута, Кевин Гамеиро 73.минута и Бернар Менди (автогол) во последната минута. Домаќините од 34.минута играа со 10 играчи бидејќи Абдул Сисиоко доби црвен картон.
Со оваа победа и освоените три бода „парижаните“ го обезбедија првото место на табелата на крајот од оваа година и како водечки тим че го дочекаат следното коло во јануари идната година.
На другите натпревари од оваа рунда играат: (денеска), Лил – Монпеље, Бастија – Нанси, Лориен – Ремс, Олимпик Лион – Ница, Ајачио – Рен, Бордо – Троа; (утре) Валенсиен – Евиан, Тулуз – Сошо и Олимпик Марсеј – Сент Етиен.