АМС: Заложба за поголема соработка меѓу факултетите и пазарот на трудот

Од:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски денеска се сретна со претставници на ЕУ твининг проект „Развивање соработка помеѓу универзитетите, приватниот сектор и државните органи“.
Овој проект се одвива во рамки на Министерството за образование и наука, а се спроведува од страна на конзорциум институции од Франција и Обединетото Кралство.

Целта е продлабочување на соработката меѓу високообразованите институции и пазарот на трудот.

Претставниците на овој проект говореа за отворање на кариерни центри во склоп на факултетите. Формалното образование не е доволно, потребно е зголемена работа со младите и нивно стручно, практично усовршување.

Каевски нагласи дека овој проект е одлична можност за дополнително усовршување на младите луѓе, за зајакнување на нивните капацитети, подготовка за пазарот на трудот, со една цел – намалување на младинската невработеност.

Се разговараше и за зголемување на соработката меѓу приватниот сектор и факултетите. Агенцијата за млади и спорт ќе даде поддршка во насока на реформирање на образовниот систем кој ќе биде прилагоден на потребите на пазарот на трудот. Тоа се разбира е можно само со континуирана соработка меѓу младите, високообразовните институции, јавниот и приватниот сектор и младинските организации.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска