Во Охрид годишна Конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Вечерва со почеток од 20 часот, тука во Античкиот театар, во Охрид, ќе се одржи 26-тата по ред годишна Конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа годишна конференција одиме со мотото „Движиме“. Го одбравме ова мото поради две причини.

Првата причина е поради фактот што УМС е движечка сила и столб на ВМРО-ДПМНЕ.

А, втората причина е поради фактот што без разлика на околностите, без разлика дали сме на власт или пак во опозиција нас тоа не ни менува. Како УМС секогаш сме на браникот на државните интереси, на интересите на Република Македонија.

Вечерва овој театар ќе биде преполн од млади луѓе, млади луѓе кои што имаат ентузијазам и енергија да работат заедно за нови победи.

Сакам сега да ја искористам оваа прилика да ги поканам и сите останати луѓе, постари членови на партијата но и симпатизери и неопределени, доколку имаат можност и се наоѓаат денеска во град Охрид да ни се приклучат на нашата годишна Конференција.

Годишната Конференција ќе има формален и неформален дел.

Во неформалниот дел ќе имаме културно-забавна програма и изложба. Додека во формалниот дел ќе имам Јас лично говор и претседателот на нашата партија, господинот Никола Груевски“, изјави Владимир Нелоски, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања