Затруени 25 вработени од фабриката Леар, во ТИРЗ Тетово

Од:

атруени се 25 вработени од фабриката Леар, во ТИРЗ Тетово. Првите знаци на труење најпрвин добиле четири лица. Тие утринава појадувале салама и паштета. За кратко почуствувале симптоми на гадење, вртоглавица, повраќање. Побaрале помош од Брзата помош во Тетово, која веднаш со свои екипи пристигнала во кругот на фабриката.

– Ние веднаш интервениравме кај четворица пациенти во фабриката Леар. Им дадовме соодветна терапија, и потоа ги препративме на инфективното одделение. Потоа дојде група од неколку лица во Брзата Помош во Тетово кои имаа симптоми на труење, но и тие откако им укажвме помош за кратко се пуштени на домашно лекување, рече Гзим Нуредини началник на Брза помош Тетово.

Дел од затруени директно побaрале помош и на инфективнот одделение при Клиничката болница во Тетово. Откако таму примиле соодветна терапија пуштени се на домашно лекување.

И во месец март во фабриката Леар од јадење, беа затруени околу 220 вработени.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Наместо виновниците, санкции трпат угостителите и трговците во Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

Исмаил по труењето на над 1.000 гостиварци: Време е да се признае колку државата назадува од Југославија наваму

Бактерии пронајдени во мусаката и на три чешми во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Влае

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во средно училиште во Италија: Протекла непозната супстанца во воздухот, има затруени

Горан Наумовски

Родители на деца со симптоми на труење велат јаделе пилешки стек, АХВ времено затвори седнвичара во Штип