• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Забрзани постапките за исплата на штетите во земјоделството

by А1он08/07/2017 - 09:3208/07/2017 - 09:45141
Share0

Со една милијарда денари ќе се исплаќаат штетите во земјоделството од невремето минатата година, вака одлучи Владата на една од првите седници. Пари се предвидени и за штетите од доцните пролетни мразови во 2017-та.

Добивај вести на вибер

Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, подрачните единици забрзано ги подготвуваат записниците, се прават и пресметките. Интензивно се работи за што поскоро реализирање на средствата.

– Затекнавме проблем со записниците, сега тоа го решаваме. Заедно со Бирото за судски вештачења ќе се прават нови пресметки, но ги предвидовме и средствата. Паралелно, ги забрзавме постапките за она што се случи во Тетовско, Скопско и Кумановско. Веднаш се формирани комисии и се покренати сите процедури. Направени се и првичните проценки, ги очекуваме сите записници за да се процесираат понатаму, вели .

Со законска измена, посочи, во 2015 година е донесена Уредба со која на подрачните единици им е даден рок од 360 дена наместо од 60, за да ги направат записниците.

– За 2016 година, за она што ни се случи во Ресен и во 14 други општини, се уште немаме добиено записници од подрачните единици. Затоа и не може да се процесираат. Но, ќе го решаваме и тој проблем. Правам постојан притисок подрачните единици веднаш да си ја завршат работата, и по однос на 2016 година да ги достават записниците, но и да ги забрзаат постапките за оваа година, истакнува Николовски.

Се прават напори и за решавање на имотно-правните односи што, според министерот, е еден од клучните предизвици во некои општини. – Тоа е една од системски работи и крупна реформа што ќе ја дискутираме со научниот тим. Во многу општини луѓето имаат проблем со имотно-правните односи. Мора да се најде законско решение за регулирање на нивните права во овој сегмент, објаснува министерот.

mzsvpoplavi

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 09:2512/01/2026 - 15:02

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

Горан Наумовски11/01/2026 - 15:55

ЦУК алармира: Дождовите предизвикаа сериозни проблеми низ земјава

Горан Наумовски10/01/2026 - 14:2810/01/2026 - 14:28

ЦУК: Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка во Ресен

Горан Наумовски10/01/2026 - 09:22

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он08/01/2026 - 17:35

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Горан Наумовски08/01/2026 - 13:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен