Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски денеска е во посета на Маврово и Охрид.
Во Маврово, Каевски се сретна со сениорската репрезентација на Македонија која е на припреми за предквалификациите за Светското првенство во Кина.
Претседателот на КФМ, Петар Наумоски го изрази своето задоволство од поддршката која ја добива репрезентацијата од АМС, со надеж за постигнување на уште подобри резултати.
Каевски ги посети и ракометарките до 16 и 18 години кои се на припреми во Маврово во пресрет на квалификациите за Европското првенство.
Ракометот е нашиот најуспешен спорт. Само со континуирана поддршка на новите генерации може да имаме добри резултати во иднина.
Во Охрид се организираше посета на Училишниот летен камп. Директорот на АМС ги поздрави учениците и истакна дека ќе се залага за подобрување на условите во кои тренираат, бидејќи токму тие се идните македонски репрезентативци.