Во Монголија утрово почна вториот круг од претседателските избори на кои учествуваат бизнисменот Халтма Батулга од Демократската партија и Миегомбо Енхболд од владејачката Монголска народна партија.
Во првиот круг од претседателските избори Батулга освои најмногу гласови.
Имињата и на двата кандидати во предизборната кампања пред првиот круг од претседателските избори беа поврзани со скандали. Батулга е осомничен дека има сметки во странство кои не ги пријавил, додека Енхболд е обвинет додека бил на државни функции ја оштетил дршавата за вкупно 20 милиони евра.
Скандалите го одвлекоа вниманието од економската ситуација во Монголија, каде нивото на сиромаштијата продолжува да расте и покрај тоа што земјата е богата со природни ресурси.
Приближно два милиони граѓани со право на глас ќе се изјаснат во 1.984 избирачки места.