Испорака на огревно дрво во Кочани

Од:

Шумското стопанство „Осогово“ од Кочани, кое работи во состав на Јавното претпријатие „Македонски шуми“, годинава според планот се очекува да дистрибуира 3.000 метри просторни дрва за оние граѓани кои веќе ја уплатиле потребната сума на средства за купување дрва.

Како што истакна Орце Димитровски, директор на ШС „Осогово“, испораката на огревно дрво засега се одвива континуирано и без проблеми. За испорака остануваат уште 600 метри просторни дабови дрва кои за метар просторен чинат 2.650 денари.

Од понеделник, истакнува Димитровски, ќе почне уплатата за купување букови дрва кои ќе се продаваат по цена од 2.370 денари за метар просторен.

– Сите договори со граѓаните се реализираат од наша страна. Граѓаните кои извршиле уплата за порачаните количини согласно со договорите, веќе ги добиваат количините огревно дрво. Ова се однесува и за физичките лица, истакна Димитровски.

Тој апелираше до граѓаните и за внимателно движење низ шумите и посебно да не се пали оган на отворено за време на престој во планина.

– Внимателно со палењето оган на отворено, бидејќи високите температури можат да бидат опасни по шумите. Во таа насока ќе биде и забраната за движење во шумите која секоја година претставува една од мерките за заштита од шумски пожари, рече Димитровски.

Со почетокот на оваа година во Кочанско од пожари се уништени 40 хектари борова и дабова шума.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, а нема пари за Кочани и за пожарникарите

Горан Наумовски

Support Kocani: Денес пристигна и беше донирана втората пратка компресивна облека на Општата болница во Кочани

Горан Наумовски

Нови амбулантни возила и изградба на Центар за изгореници предлага Левица со амандмани кон ребалансот

(ВИДЕО) СДСМ поднесе амандман за трагедијата во Кочани, 934 милиони денари помош за настраданите

Горан Наумовски

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

(ВИДЕО) Лукаревска: СДСМ предлага 934 милиони денари поддршка за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

Горан Наумовски