Работнички убедлив против Тре Пене, а Пелистер повторно совладан од Лех

Од:

Фудбалерите на Работнички ја минаа првата квалификациска рунда за Лига Европа, додека битолски Пелистер го заврши својот настап на европската сцена со нов пораз од Лех.

Затоа пак Работнички не дозволи изненадување во двомечот со Тре Пене од Сан Марино. Популарните „романтичари“ за разлика од првиот меч на гостински терен кога славеа со 1-0, денеска беа поубедливи. На средбата одиграна попладнево во Скопје, Работнички го победи Тре Пене со 6-0 . Серијата на голови ја отвори Суад Сахити (28.минута), по што следуваа два на Бојан Најденов (43 и 59). Кире Маркоски (71) зголеми на 4-0, а за само две минути (82 и 83) Стојанче Велинов постигна два гола, поставувајќи ги конечните 6-0 за Работнички.

Фудбалерите на Пелистер по втор пат се совладани од полската екипа Леш Познањ. По убедливиот пораз во Познањ пред седум дена со 0-4, пелистерци попладнево загубија и во Струмица од Лех со 0-3. Головите за гостите од Полска ги постигнаа: Лукаш Тралка (39.минута), Дарко Јевтиќ (66) и Камил Јожвијак (77).

Шкендија се пласира во второто коло, откако во двата меча беше подобра од молдавскиот претставник Дачија првиот во Струмица со 3-0, и денешниот во Кишињев со 4-0.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска