Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија пристигнаа во Хамбург каде што в сабота и недела ќе се одржи самитот на 20 најразвиени земји на светот.
Вечерва Трамп треба да има билатерална средба со рускиот претседател Путин а во Хамбург тој пристигна од Полска каде што одржа говор и прес конференција во Варшава.
Очите на сите светски медиуми повторно се вперени кон американскиот претседател кој на својата предходна посета на Европа во Брисел предизвика неколку дипломатски инциденти меѓу кои и туркањето на црногорскиот премиер за една од официјалните средби на членките на НАТО. Посетата на Трамп е важна и поради отворениот судир со Германија и другите членки на ЕУ околу климатските промени и глобалната трговија.
Попладнево Трамп ќе разговара и со германската канцеларка Меркел а ќе учествува и на средбата посветена на безбедноста во Северна Азија заедно со Јужно кореанскиот претседател Мон Јае Ин и јапонскиот премиер Шинзо Абе.