А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Овој јуни потопол до пет степени од просекот во претходните години

by А1он06/07/2017 - 14:4579
Share0

До пет степени повисоки температури се измерени во јуни 2017 за разлика од истиот месец претходните години, соопшти УХМР.

Добивај вести на вибер

Особено високи температури се регистрирани кон крајот на месецот. На 30 јуни се измерени екстремни вредности блиску до највисоките досега измерени за овој месец, додека средните минимални и средните максимални температури на воздухот се над просечните вредности.

Согласно месечната информација што ја изготви УХМР, средните месечни температури за јуни се движеа од 16,5 степени во Лазарополе до 25,6 во Гевгелија, 17,5 во Маврово, 18,2 во Берово, 19,5 во Крива Паланка, 20,9 во Охрид, 21,5 во Прилеп, 21,8 во Битола, 23 во Скопје, 23,6 во Струмица и Штип и 24,8 во Демир Капија.

Највисоките температури, пак, се измерени во југоисточниот дел: Демир Капија 42,3 степени и Гевгелија 42, а во Штип 39,5, во Струмица 39,2, во Скопје – Зајчев Рид 38,8, во Битола 38,2, во Прилеп 37,7, во Охрид 35,3, во Крива Паланка 34,2, во Берово 33,8, во Лазарополе 30,7 и во Маврово 30,3 степени.

Во однос на врнежите, најголема месечна количина е измерена во Гевгелија и Крива Паланка, 101 и 75 милиметри. Во Берово наврнале 71 милиметар, во Струмица 57, во Лазарополе 56, во Скопје 48, во Штип 47, во Прилеп 44, во Демир Капија 36, во Маврово 32, во Битола 27 и во Охрид три милиметри.

– Главна одлика на врнежите во јуни е нивниот изразен локален карактер. На одредени места месечната сума е два пати поголема од просечната (Гевгелија), а на некои (Охрид) изврнале само еден процент од просечните месечни суми. На поголем дел од останатите мерни места, сумата на врнежите е блиска до просечната вредност, наведува Управата.

Висока дневна сума врнежи е измерена на 4 јули, во Гевгелија 71 милиметар, а дневни врнежи поголеми од 20 се измерени во Струмица (22 милиметри на 9 јуни), Лазарополе (22 на 7 јули) и Маврово (20 милиметри на 27 јуни).

Во деновите со значителни вредности на врнежите на многу места во Македонија било забележано нестабилно и олујно време со засилен ветер, грмежи и локална појава на град. Град со силен интензитет е регистриран на 14 јуни во Скопје, а на 7 јуни во југозападниот дел на земјата.

vreme

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он21/10/2024 - 07:5521/10/2024 - 09:51

Почнува летното сметање на времето

Предраг Петровиќ30/03/2024 - 07:52

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он19/01/2024 - 19:4919/01/2024 - 19:51

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он12/01/2024 - 07:5012/01/2024 - 08:16

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он07/01/2024 - 08:45

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски16/06/2023 - 07:1916/06/2023 - 15:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен