27-годишна девојка пронајдена мртва во куќа во Куманово

Од:

Дваесет и седумгодишната девојка М.К. вчера била пронајдена мртва во куќа на улица „Браќа Филиповиќ“ во Куманово.

Како што соопшти денеска МВР, телото вчера во 13:20 часот го пронашол Ф.И. (28) од Куманово во својата куќа. Тој бил момче на починатата девојка.

Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт, без видливи траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Би можело да ве интересира

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он