МОН: Средношколците во септември нема да учат по Кембриџ

Од:

Министерството за образование и наука ја соопшти одлуката од вчерашната седница на Владата дека Кембриџ програмата нема да се имплементира од септември оваа година во јавните средни училишта.

– Определба на Владата и Министерството за образование и наука е современо образование и квалитетни наставни програми за подобрување на воспитнообразовниот процес во земјата. Воведувањето нови наставни програми бара анализа и обмислување на процесите, а не избрзани решенија. Тоа, меѓу другото, значи и подготовка на учебници кои користат соодветна терминологија, кои се јасни и прецизни и кои се соодветни за образовниот систем на Република Македонија, информира МОН.

Министерството нагласува дека одлуката да се одложи почетокот на Кембриџ програмата во средните училишта за учебната 2018/2019 е донесена поради временскиот теснец да се обезбедат тие стандарди и поради избегнување несакани ситуации во средното образование.

Со оваа одлука, наведува МОН, се дава разумен временски период за дебата и подготовка на учебници од кои македонските ученици ќе го добијат заслуженото квалитетно и светско образованиие.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on