Претседателот Иванов на форумот Кран Монтана во Барселона

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата Маја Иванова, од денеска до 7-ми овој месец ќе престојува во работна посета на Кралството Шпанија, по повод учеството на 28. годишна сесија на форумот Кран Монтана, што се одржува во Барселона.

Иванов, како што информира неговиот Кабинет, ќе се обрати на официјалната сесија на отворањето на форумот на тема „Каков свет за иднината? Стратегии за стабилност во непредвидлива средина – кон нов начин на управување“.

Темите на дискусија на годинашниот форум се фокусирани на производството на енергија, климатските промени, мигрантската криза, зајакнувањето на улогата на жената во општеството и можностите за соработка на Медитеранот, Африка и Блискиот Исток.

Во петок на сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова ќе и биде доделена наградата Златен медал на форумот Кран Монтана, за нејзините активности, проекти и иницијативи од хуманитарен карактер.

Форумот „Кран Монтана“ е основан во 1986 година со цел да обезбеди широка меѓународна соработка и поврзување на економските чинители на светско ниво, како и да придонесе кон глобалниот економски раст, воедно обезбедувајќи стабилност, еднаквост и безбедност. Активностите и настаните во рамки на Форумот се насочени кон создавање платформи кои ќе им овозможат на политичките и бизнис лидери да ги имплементираат своите стратегии, да ги зајакнуваат партнерствата и да развиваат нови можности за соработка. Форумот тесно соработува со меѓународни институционални партнери, како агенциите на Обединетите нации, Европската унија и Советот на Европа.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски