Португалските власти се сомневаат дека минатонеделната кражба на оружје од воен магацин е дело на меѓународни терористи и шверцери на оружје, соопшти португалското Главно обвинителство.
При кражбата земени се рачни бомби, деветмилиметарски куршуми, а можно е и друго оружје.
Кражбата беше извршена минатата среда во военовоздухопловната база „Танкуш“. Досега поопртугалската армија не објави список на украденото оружје.
Португалскиот министер за одбрана Жозе Алберту Азереду изјави дека кражбата е извршена на „многу професионален начин“.