Средба на Каевски со претставници на Националниот младински совет на Македонија

Од:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Дарко Каевски денеска се сретна со дел од младинските организации, членки на Националниот младински совет на Македонија.

Како што соопштија од АМС на средбата се разговарало за Регионалната младинска канцеларија за соработка (RYCO), која има за цел да овозможи мобилност, размена и помирување меѓу младите од Западен Балкан.

– Договорена е редовна соработка со младинските организации, заедно ќе ги креираме политиките за млади и значаен акцент се става на намалување на младинската невработеност и иселувањето на млади. Трајниот механизам за соработка меѓу Агенцијата за млади и спорт и НМСМ е дел и од препораките на Европскиот Парламент, истакнал Каевски.

Претставниците на младинските организации ги образложиле барањата на НМСМ до Владата на РМ и Агенцијата за млади и спорт како и приоритетните прашања кои ќе се разгледуваат во претстојниот период.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска